Јанчев: Изградба на нов објект во рамки на спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци
- Се гради нов објект во рамки на спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 13 јануари 2026 (МИА) - Се гради нов објект во рамки на спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Со изградбата на спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, кој започна во деведесетите години, нашата спортска инфраструктура доби значаен импулс и долго време овде се одвиваа натпревари, тренинзи и големи спортски настани. Но, делот од просторот каде требаше да се изгради доградба и долго време беше запуштен – без никаква реализација и со изглед на напуштено место. Дојде моментот конечно да прерасне во нов, модерен спортски објект во рамките на Спортскиот центар „Јасмин“, соопшти Јанчев.
Изградбата почна денеска на површина од 1.000 м² во основа, со подрум, приземје и кат, каде ќе има куглана, сала за гимнастика и седум апартмани за сместување на спортисти на горниот кат. Проектот е со финансиска конструкција од 118.000.000 денари.
- Целосно преку Влада – втор повик и претставува голем чекор напред за спортот и развојот на нашиот град. Кавадарци станува се поактивен, модерен и спортски ориентиран град, информира Јанчев. свд/бак/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев