• петок, 17 мај 2024

Над 28 проценти го оствариле правото на глас во Делечво и М.Каменица до 13 часот

Над 28 проценти го оствариле правото на глас во Делечво и М.Каменица до 13 часот

Делчево, 8 мај 2024 (МИА) – Во Делчево излезноста на регистрираните гласачи до 13:00 часот за парламентарните избори изнесува 28, 81 процент, информираа од Општинската изборна комисија. Оттаму известуваат дека од запишаните 14.569 лица со право на глас, во оваа општина гласале 4180 лица.

Сличен процент на излезност како што додадоа има и во вториот круг од Претседателските избори, на кои од 14.515 гласачи, своето право на глас до 13 часот, го оствариле 4175 лица или 28,74 проценти.

Во соседната општина Македонска Каменица излезноста на гласачите е над 28 проценти.

- До 13:00 часот во Македонска Каменица во вториот круг од Претседателските избори гласале 1906 граѓани од вкупно 6641 евидентирани во избирачкиот список, додека на Парламентарните избори од вкупно 6652 граѓани со право на глас, гласале 1904 лица или 28,62 проценти, информираа од ОИК во Македонска Каменица.

Од двете општински изборни комисии се задоволни од текот на гласањето кое поминува во духот на демократијата, без непредвидени технички проблеми. вс/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан