МИА Најави МКД
- 12 декември 2025
12 декември 2025
Ново Село - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во Општина Ново Село. (13:00, предвидена е изјава за медиуми)
Скопје - Прес-конеференција на заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт. (Меѓународен аеродром Скопје/пристигнување на медиуми 12:00/прес-конференција 13:00)
Охрид - Министерот за култура, Зоран Љутков официјално ќе ја отвори Министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“. (х. „Јуник“ /10:00)
Скопје - Прес-конференција на директорот на Царинска управа, Бобан Николовска и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова. (просториите на Царинска управа/9.00)
Скопје - Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, во рамки на програмата Демократски навигатор 2025 – Недела на човековите права во организација на ЦИВИЛ. (Граѓански ресурсен центар/10:00)
Скопје - Отворање изложба на колажи изработени низ работилниците организирани по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост „Патувања“. (Мала станица/12:30 часот)
Софија - Концерт на македонскиот бенд КОД 369. (Македонскиот КИЦ во Софија/18:30)
Белград - Отворање на изложбата „Нишки / Threads“, најновиот резултат од соработката меѓу Факултетот за ликовни уметности во Скопје и Факултетот за ликовни уметности во Белград. (Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Белград, на адресата Кнез Михаилова 53/ 19:00)
Скопје - Промоција на монографијата „Професорот Петре Т. Георгиевски: Социологијата како професија и како вокација“. (мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“/18:00)
Скопје - Завршен настан на проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање- R-3DFil“, во организација на здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип. (Netaville, 12:00).
Скопје - Премиерата на новиот проект на „Светот на Биби“ - анимиран филм развиен од InnovaRights & Licensing - партнерска компанија основана од DexyCo и „Светот на Биби. (на големото платно во Cineplexx/12:00)