• петок, 02 јануари 2026

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Скопје, 2 јануари 2026 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „АКСА“ за најавената инвестиција од една милијарда евра во гасификација и конечно, ако се оди според планот на есен, да почнеме со камен-темелник во 2026 година.

За најавената гасификација и инвестицијата на гигантот „Акса“, Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на нова детска градинка во Кочани, рече дека физибилити студијата е направена од реномирана светска куќа, параметрите се јасни и приоритетите се дефинирани.

- Но истовремено сакам да ја информирам јавноста дека не е само овој проект со вредност до една милијарда евра – имаме уште неколку проекти кои се работат и се разработуваат во делот на гасната инфраструктура и когенеративните гасни централи. Очекувам наскоро и за нив, преку прес-конференција, да ги информираме граѓаните што е тоа што е сработено, изјави Мицкоски.

Енергетските компании „АКСА“, кои се дел од турската компанија „Казанчи Холдинг“ со која Владата претходно потпиша меморандум за сорабтка, е водечка турска компанија со над 25 години искуство, работи со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум земји и оти работат во 22 земји на четири континенти.

Со нив, како што беше претходно објавено има план за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво - инвестиција од над една милијарда евра. аа/са/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан