Македонска Каменица со парична награда за првороденото бебе во 2026 година
- Како знак на внимание и поддршка кон семејството, Општина Македонска Каменица додели парична награда во износ од 30.000 денари.
Македонска Каменица, 22 јануари 2026 (МИА) - Со голема радост и искрени емоции, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова оствари средба со таткото на првороденото дете во општината во новата 2026 година. Како знак на внимание и поддршка кон семејството, Општина Македонска Каменица додели парична награда.
-На 4 јануари 2026 година се роди малата Јана, која претставува симбол на нов почеток, надеж и иднина за локалната заедница. Општина Македонска Каменица како знак на внимание и поддршка кон семејството, денес попладне на средбата со нејзиниот татко му додели парична награда во износ од 30.000 денари, информираше Стаменкова.
Упати искрени честитки и најубави желби за здравје, љубов и безгрижно детство на новороденчето, а на родителите им посака многу среќни моменти и сила во најубавата животна улога – родителството.
-Раѓањето на едно дете е најубавиот почеток за секоја заедница. Малата Јана е симбол на надеж и иднина, а наша обврска како општина е да бидеме поддршка на младите семејства и да создаваме услови за среќно и безбедно детство, рече Стаменкова. вс/вј/
Фото: МИА