• четврток, 26 март 2026

Тридневен Божикен театарски фестивал од утре во Кисела Вода

Тридневен Божикен театарски фестивал од утре во Кисела Вода

Скопје, 2 јануари 2025 (МИА)-

Скопје, 2 јануари 2026 (МИА) - Утревечер, во предвечерјето на Божикните празници, Општина Кисела Вода го отвора првиот Божикен театарски фестивал, тридневна културна програма што од 3 до 5 јануари 2026 година ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“, наведува Општината во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. 

Фестивалот е посветен на сценската уметност и обединува театарски и музички содржини наменети за различни генерации. Во програмата учествуваат театарски здруженија и уметници кои добија поддршка преку јавниот повик на Општина Кисела Вода за културни проекти од локално значење.

Фестивалот започнува на 3 јануари во 19:00 часот со настап на музичка група „Браќата“, по што следува театарската претстава „Во царството на другарството“ во изведба на Театар ХИТ. Автор и режисер е Сашо Ристовски, а настапуваат Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Ема Давчевска.

На 4 јануари, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „За нас почнува живот“ на Театарското здружение „МАНА“, во режија на Дејан Пројковски, со Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви.

Завршната вечер, на 5 јануари, е резервирана за две претстави.

Во 18:00 часот, Театарското здружение „Триангл“ ќе ја изведе претставата „Кралица Срце“, по сценарио и режија на Десанка Глигоријевиќ, со Марика Поповиќ, Андреј Наумов и Јане Дунимагловски.

Во 19:30 часот следува претставата „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“, со Винета Дамчевска, Мики Анчевски и Марија Ѓорѓиовска.

Влезот за сите претстави е бесплатен, а бројот на места е ограничен. Потребна е претходна регистрација најдоцна до 3 јануари 2026 година, до 12:00 часот, на телефонските броеви:

Даниела – 075/380-928

Верица – 071/804-474

Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да бидат дел од Божикниот театарски фестивал, кој ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“.

Општина Кисела Вода 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан