• сабота, 04 мај 2024

Клоп: Не е мое да судам, но Слот ми звучи како добро решение за Ливерпул

Клоп: Не е мое да судам, но Слот ми звучи како добро решение за Ливерпул

Ливерпул, 26 април 2024 (МИА) - Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а пред се навивачите на Ливерпул, се шпекулира кој ќе го замени харизматичниот Германец на клупата на „црвените“, кога на крајот од сезоната тој ќе се повлече од клубот од „Енфилд“, но и од англискиот фудбал воопшто. Во последните денови се издвои името на Арне Слот.

Што се однесува до Клоп, неговиот колега од Холандија би бил добро решение на клупата на повеќекратниот европски првак, кому му ја врати континенталната круна и го одведе до долгоочекуваната титула островски шампион.

- Само да бидам јасен, не сум вклучен во процесот на избор на нов тренер. Сепак, многу ми се допаѓа ако Слот е тој. Тој сака да ја преземе работата. Ми се допаѓа како неговиот тим игра фудбал. Некои луѓе што ги познавам имаат само пофални зборови за него, ако тој е решението, рече Клоп, истакнувајќи дека управувањето со Ливерпул е „најдобрата работа во светот“.

Клоп многу сакаше да се збогува со уште еден трофеј во ПЛ, но во последните неколку кола Ливерпул се сопна во трката со Арсенал и Манчестер Сити. И едвај ја постигнува целта.

-Изгубив многу натпревари во мојот живот, но против Евертон беше посебно, бидејќи не бевме присутни на теренот. Гледате како Арсенал и Сити играат многу напаѓачки фудбал и постигнуваат добри резултати. Стигнавме таму каде што сме затоа што исто така игравме позитивен фудбал, што не беше случај овој пат, јас се обвинувам себеси 100 отсто затоа што не бевме расположени. Ги загубивме скоро сите одлучувачки битки и тоа е многу лошо, истакна тој.

Нормално, не е во природата на Германецот како шампион да се откажува се додека има теоретски шанси за успех.

-Имаме шанси, но се чувствувам како да се обидуваме да фатиме чекор со нешто. Ќе се обидам повторно да го играм нашиот фудбал бидејќи тоа не беше можно на последниот натпревар. Не верувам дека се уште чувствуваат дека сме блиску до нив. Прилично сум сигурен дека Арсенал и Сити сега гледаат на трката како на дуел, треба јавно да зборуваат нешто друго, но не очекувам да загубат два натпревари. Не сум подготвен да се откажам и да го развеам белото знаме пред последните четири натпревари како тренер на Ливерпул, изјави Клоп. дс

Фото: Архива

Остани поврзан