Ројс може да ја продолжи кариерата во МЛС или Турција
- Марко Ројс може да ја продолжи кариерата во МЛС или Турција.

Дортмунд, 4 мај 2024 (МИА) - Марко Ројс може да ја продолжи кариерата во МЛС или Турција.
Понудите почнаа да доаѓаат неколку часа откако официјално беше објавено дека 34-годишниот играч од средниот ред заминува од Борусија Дортмунд како слободен играч на лето.
Последните 12 години фудбалерот ги помина со „жолто-црните“.
Сепак, играчот од средниот ред нема намера да ја заврши кариерата како играч и сака да одигра барем уште една сезона на највисоко ниво.
Според упатените, преселба во друг бундеслигашки клуб речиси и не доаѓа предвид. дс
Фото: Архива