На Тотенхем му треба рестарт и нов правец, категоричен е Постекоглу
- На Тотенхем му треба рестарт и нов почеток во друга насока, изјави менаџерот Ангелос Постекоглу на прес-конференција пред колото во англискиот шампионат.
Лондон, 4 мај 2024 (МИА) - На Тотенхем му треба рестарт и нов почеток во друга насока, изјави менаџерот Ангелос Постекоглу на прес-конференција пред колото во англискиот шампионат.
Големите промени кај „мамузите“ почнаа пред извесно време - со заминување на ветераните како Уго Лорис и Ерик Даер, но очигледно тие ќе бидат далеку посериозни.
Тотенхем имаше ветувачки почеток на сезоната под водство на Постекоглу, но во последниве недели тимот претрпе последователни загуби од Арсенал и Челси, нанесувајќи им голем удар на нивните надежи за пласман во Лигата на шампионите.
-Ни требаат промени. Ќе тргнеме во сосема нов правец. Поминаа два преодни рока (откако Постекоглу го водi Тотенхем) и некои играчи значително се развија, се разбира, но имаме уште долг пат да поминеме. Невозможно е да ги исполниме нашите цели во овој момент. Потребни се промени и не можеме да очекуваме сите да ги задржат своите позиции. Видовте и со Ливерпул и со Арсенал - додека едниот стигна до титулата, а другиот до сегашната позиција, тие веќе беа сосема различни тимови, изјави менаџерот. дс
Фото: Архива