Анисимова го освои трофејот на турнирот во Доха
- Аманда Анисимова многу полесно од очекувањата ја совлада Јелена Остапенко во финалето на турнирот во Доха со резултат 2:0 во сетови (6:4, 6:3)

Доха, 15 февруари 2025 (МИА) - Аманда Анисимова многу полесно од очекувањата ја совлада Јелена Остапенко во финалето на турнирот во Доха со резултат 2:0 во сетови (6:4, 6:3).
Шест пати Американката влегуваше на теренот како аутсајдер и победи во шест наврати. Никој досега не постигнал таков подвиг во Доха.
Можеби на Остапенко, која сака агресивна игра, донекаде и пречеше тоа што финалето беше прекинато поради дожд, што секако ги успори условите, но причината пред се треба да се бара во нејзиниот многу послаб настап од претходните денови.
Ова е трета титула на Анисимова во кариерата, убедливо најголема.
ВТА турнирот во Доха се играше за награден фонд од 3.654.963 долари. дс
Фото: Принтскрин