• сабота, 11 мај 2024

Шест фудбалери на Леверкузен во идеалниот тим на Бундеслигата

Шест фудбалери на Леверкузен во идеалниот тим на Бундеслигата

Леверкузен, 4 мај 2024 (МИА) - Вчера стана јасен идеалниот состав на сезоната во Бундеслигата. За тоа одлучија гласовите на навивачите (40%), претставниците на клубовите (30%) и фудбалските стручњаци (30%).

Во тимот се шестмина од новиот шампион Баер Леверкузен. Тоа се Џереми Фримпонг, Јонатан Та, Алехандро Грималдо, Гранит Џака, Флоријан Виртц и Виктор Бонифасис.

Баерн Минхен го претставуваат само Хари Кејн и Џамал ​​Мусиала, а од Борусија Дортмунд во единаесетмината е голманот Грегор Кобел.

Останатите двајца во изборот се Валдемар Антон и Серу Гираси од Штутгарт. дс

Фото: Фејсбук/Леверкузен

Остани поврзан