Забрана за пиење вода од водоводите на повеќе охридски села
- Државниот Инспекторат за храна ја забрани за пиење водата од локалните водоводи во селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта.
Охрид, 7 април 2026 (МИА) – Државниот Инспекторат за храна ја забрани за пиење водата од локалните водоводи во селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта.
Спроведените лабораториски анализи констатирале отсуство на резидуален хлор во сите посочени водоводи, додека во водата од селските водоводи во Свиништа, Куратица, Речица и Опеница и микробиолошка контаминација со присуство на бактеријата ешерихија коли.
Согласно одредбите од Правилникот за безбедност на вода, водата не смее да се употребува за пиење, одржување лична хигиена како и хигиена на раце, се додека истата не се третира со хлорен препарат (дезинфекциско срество) или истата да се преврива 45-50 минути.
Проблемот со квалитетот на водата од т.н. селски водоводи е особено изразен кога поради осцилациите на дотоците на вода наметнати од хидролошката состојба доведува до неисправност на водата од системите и забрана за користење во домаќинствата. аб/вг/
Фото: МИА Архива