• среда, 08 април 2026

Бесплатна акција за мерење на шеќер во крвта и притисок во Куманово

Бесплатна акција за мерење на шеќер во крвта и притисок во Куманово

Куманово, 7 април 2026 (МИА) - Кумановци од сите генерации покажаа значителен интерес за бесплатно мерење на шеќер во крвта и на притисок на акцијата која се одржа денеска пред „Соколансиот парк“ во организација на здружението на дијабетичари и средното училиште „Наце Буѓони“ по повод 7 април.

-Имаме огромен интерес од кумановци. Ова се превентивни прегледи кои можат да алармираат за одредени состојби. Дел од граѓаните веќе кажаа дека ќе направат суштински, здравствени прегледи, изјави Магдалена Трајановиќ, професор од здравствена струка од средното училиште „Наце Буѓони“.

Дијабетесот е во пораст дури на епидемиско ниво, додаваат од здружението.

-Како здружение преку нашите активности, со вакви акции, но и со трибини се обидуваме да ја подигнеме свеста за опасноста којашто ја носи дијабетесот-изјави претседателот на здружението, Зоран Бојковски.

Тој посочува дека голема е бројката на луѓе со дијабет, на секој дијагностициран има најмалку еден недијагностициран. Во Куманово таа бројка изнесува околу 4000. ам/лв/

 

Фото МИА

Остани поврзан