Хуманитарниот Велигденски концерт во Тетово привлече масовна посетеност
- Тетовчани вечерва масовно се одзваа на повикот за хуманост. Ја наполнија салата во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ купувајќи влезници со кои се собраа средства за проектните активности на волонтерите од Црвен Крст Тетово, дел од Програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности).
Тетово, 7 април 2026 (МИА) - Тетовчани вечерва масовно се одзваа на повикот за хуманост и ја наполнија салата во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ купувајќи влезници со кои се собраа средства за проектните активности на волонтерите од Црвен Крст Тетово, дел од Програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности).
-Овој настан и сите акции на Црвен крст коишто се реализирани во последниов период се проследени од ПХВ проектот. За тоа беа задолжени сите волонтери кои неуморно работеа на сите акции, на чело со нашата дисеминаторка, а воедно и наша професорка Тамара Стефановска — личност која со својата посветеност, поддршка и инспирација ни беше водилка низ секој чекор и ни помогна да го дадеме најдоброто од себе. Нејзината енергија и искрена грижа направи да се чувствуваме како вистински тим“, истакнаа младите волонтери на Црвен крст Тетово на почетокот на концертот.
Средствата собрани од овој концерт ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
-Хуманоста не е само збор, таа е дело, подадена рака, насмевка и надеж. Таа значи да бидеме тука едни за други, да покажеме разбирање, поддршка и љубов, особено кон оние на кои им е најпотребна. Денес, во време кога светот се соочува со многу предизвици, хуманоста станува поважна од кога било. Таа не потсетува дека сите сме поврзани и дека секој од нас има моќ да направи промена колку и да изгледа мала“, посочија на концертот.
На концертот настапија детскиот хор Крешендо, КУД Брвеница, ОУ „Гоце Делчев“-Тетово паралелка 3/3, Никола Стојаноски, Ивана Давидовски, Јован Хаџиев, Лука Тодороски и Ванеса Митевска
Волонтери во Програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) се 40 ученици од средното медицинско училиште „Никола Штејн“ Тетово. ас/нд/
Фото МИА