• среда, 08 април 2026

Интензивна акција за генерално чистење во сите населени места на Општина Маврово и Ростуше

Интензивна акција за генерално чистење во сите населени места на Општина Маврово и Ростуше

Дебар, 7 април 2026 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше започна со широка акција за чистење и уредување на јавните површини во сите населени места.  
 
-По директна насока на градоначалникот Онер Јакупоски, согласно програмските определби, општинската механизација и службите се на терен со цел да се опфати секој квадратен метар од територијата на општината, рече Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за информирање. 
 
Поконкретно, додава тој, акцијата вклучува расчистување на патиштата и јавните површини, со цел да се обезбеди чиста и здрава животна средина за сите жители.  
 
Општинската механизација работи со полн капацитет, а чистењето се одвива етапно низ сите села во регионот. 
 
-Нашата цел е јасна – чиста општина со која сите ќе се гордееме. Хигиената на јавните простори е наш приоритет и затоа во наредните денови ќе продолжиме со висок интензитет сè додека не се исчисти и последната точка во општината, истакнува градоначалникот Јакупоски. 

Според Ибраими, освен расчистувањето, се работи и на санирање на ударните дупки на патиштата, со цел побезбеден сообраќај. вт/аа/ 

Фото: Општина Маврово и Ростуше 
 

 

Тагови

Остани поврзан