• среда, 08 април 2026

Велигденски базар во Кавадарци, се продаваа ракотворби од ученици, парите во хуманитарни цели  

Велигденски базар во Кавадарци, се продаваа ракотворби од ученици, парите во хуманитарни цели  

Кавадарци, 7 април 2026 (МИА) - ,,Базар на Велигденска магија", беше насловен денешниот Велигденски базар во Кавадарци. Се продаваа ракотворби од ученици од основните училишта, а парите од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Настанот на градскиот плоштад, беше дел од неколкудневната велигденска програма на општината, во чест на празникот Велигден. 


- Ракотворбите беа изработени со многу љубов од нашите ученици, со велигденски мотиви. Всушност, овој настан како впрочем и настанот за одбележување на светскиот ден на здравјето со низа превентивни здравствени услуги од страна на фармацевти и медицински лица, во основа ја имаше хуманоста, рече во изјава за медиумите, Емилија Василева Иваноска, советничка во Советот на Општина Кавадарци. 


Меѓу другите настани во рамките на програмата, за в четврток  е најавена активност  за фарбање на велигденски јајца со природни материјали, во Вински музеј Кавадарци. свд/лв/ 


Фото: МИА 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан