• среда, 08 април 2026

Екипа од велешката болница на граѓаните им проверуваа шеќер во крвта и им мереа крвен притисок

Екипа од велешката болница на граѓаните им проверуваа шеќер во крвта и им мереа крвен притисок

 

Велес, 7 април 2026 (МИА) - Екипa составени од лекари и медицински сестри од ЈЗУ Општа болница Велес  на платото пред зграда на Театар “Џинот“ денеска  на граѓаните бесплатно  им проверуваа шеќер во крв и им мереа  крвен притисок. Нивниот пункт го посетиja околу 150 граѓани.

Како што информира портпаролот на ЈЗУ Општа болница д-р Ана Марија Џунџева,  денешните прегледи биле со цел да ја поттикнат  свеста кај граѓаните за значењето на превенцијата, а по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето.

- Превентивните прегледи се клучни за рано откривање на многу заболувања, особено хронични состојби како дијабетес и хипертензија, кои често се развиваат без јасни симптоми. Со вакви активности сакаме да ги охрабриме граѓаните редовно да го проверуваат своето здравје и навреме да побараат медицинска помош. Грижата за здравјето не треба да започне кога ќе се појави проблем, туку многу порано – преку редовни контроли и здрав начин на живот, потенцира д-р Џунџева.

 Воедно појасни дека од прегледаните граѓани, кај значителен дел од нив  бил  регистриран покачен крвен притисок, што дополнително укажува на потребата од поголема грижа за сопственото здравје.

Таа посочи дека хипертензијата често поминува незабележано, без изразени симптоми, а може да доведе до сериозни здравствени компликации доколку  навреме не се открие и контролира.

 Главниот настан со којшто ќе се одбележи празникот 7 април, Светскиот ден на здравјето  е закажан за утре - 8 април, кога Јавната здравствена установа Општа болница Велес ќе презентира нова медицинска опрема.ад/лв/

Фото ЈЗУ Општа болница Велес

 

 

Остани поврзан