Велигденски базар во Чешиново - Облешево
Чешиново-Облешево, 7 април 2026 (МИА) - Општина Чешиново-Облешево денеска реализираше Велигденски базар во градинката Кокиче, во село Облешево.
Настанот беше исполнет со креативност, радост и насмевки, благодарение на активното учество и поддршката од родителите на дечињата и вработените.
Децата во рачните изработки имаа можност да ја покажат својата креативност и да уживаат во празничната атмосфера.
- Упатуваме искрена благодарност до сите кои придонесоа за успешната реализација на овој настан, велат од општината. ис/лв/
фото: Општина Чешиново - Облешево