Герасимовски: Нов буџетски форум, со центарци денеска ги дефинираме приоритетите за 2026
- Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика сите жители да присуствуваат на буџетскиот форум за 2026 година, кој ќе се одржи денеска во 19 часот, во ООУ „Димитар Миладинов“.
Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика сите жители да присуствуваат на буџетскиот форум за 2026 година, кој ќе се одржи денеска во 19 часот, во ООУ „Димитар Миладинов“.
Како што информират од општината форумот претставува можност граѓаните директно да се запознаат со општинските политики, да предложат проекти и идеи што ќе придонесат за подобрување на условите за живеење и да бидат дел од оформувањето на буџетот за наредната година.
-Заедно со граѓаните реализиравме голем број успешни и значајни проекти, а така ќе биде и во наредниот период. Ги поканувам центарци да ги дефинираме приоритетите што ќе придонесат за развој на нашата општина, вели Герасимовски.
На форумот, како што соопштуваат од Општина Центар, ќе учествуваат раководителите од општинската администрација, претставниците на месните и урбаните заедници, претставници на невладиниот сектор, како и сите жители што сакаат активно да учествуваат во формирањето на општинскиот буџет. свс/дма/
Фото: Општина Центар