• вторник, 14 мај 2024

Трет ден предизборна кампања за претседателските избори

Трет ден предизборна кампања за претседателските избори

Скопје, 6 април 2024 (МИА) - Продолжува предизборната кампања за Претседателските избори со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани. На вториот ден од кампањата кандидатите со пораки до гласачите за просперитетна иднина, за европска интеграција, како и критики до опонентите.

Изборниот караван на кандидатот на Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, денеска ќе ги посети општините Македонски Брод и Кичево.

Кндидатката за претседател поддржана од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните на Демир Капија, Неготино и Кавадарци.

Бујар Османи, кандидатот за претседател на Европскиот фронт, во Тетово (хотел НБ), ќе учествува на дебатата насловена „Задржување на младите во земјава.

null

Караванот на кндидатот за претседател на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска ќе ги посети и ќе има средби со граѓаните на општините Валандово, Богданци, Дојран, а агендата ќе ја заокружи со обраќање пред жителите на Гевгелија.

Изборниот штаб на кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска најавува дека ќе бидат остварени средби со граѓани во Прилеп, Демир Хисар.

Претседателскиот кандидат на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и носителот на пратеничката листа во Првата изборна единица од коалицијата Изет Меџити ќе учествуваат на одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот во Градскиот парк во Скопје.

Забележа дека сегашната опозиција била 11 година на власт и  не се памети дека имаат донесено една тешка одлука за државата, а токму преку носење на стратешки одлуки се остваруваат национални

Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски синоќа на митинг во Штип истакна дека ако ја добие довербата од граѓаните и во наредните пет години ќе продолжи да работи за плата, а не за проценти, ќе продолжи со еднаквиот третман кон сите луѓе независно на кој народ му припаѓаат или за која партија гласаат. 

-Јасно е оти  Македонија е можна само како демократска и просперитетна држава ако ги чува витални и ги одржува живи двата стратешки континуитети: евро-атланските интеграции и меѓу етничките односи, рече Пендаровски и се осврна на успесите со членството во НАТО, отворањето на преговорите со ЕУ, како и заштитата на македонскиот јазик прегу договорот со Фронтекс

Забележа дека сегашната опозиција била 11 година на власт и  не се памети дека имаат донесено една тешка одлука за државата, а токму преку носење на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси, но се губи рејтингот. Пендаровски додаде дека актуелната опозиција и тогаш и денес била заинтересирани само за власт и пари. Тој нагласи и дека неговата политичка филозофија е против поделбата на луѓето по било која основа, додека опозицијата дели на наши и ваши, патриоти и предавници  и затоа подвлече дека на овие избори со масовно гласање граѓаните треба да ја одбијат оваа понуда од опозицијата.

По изборите нужно е да се направи целосен ветинг на судиите, обвинителите, но какошто рече и на политичарите. И тоа на сите кои намерно држеа предмети во своите фиоки или не можат да докажат како од плата станале милионери.

- Тие треба да бидат разрешени од функциите и да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политичка функција. Македонската јавност е сведок дека како Претседател пет години во континуитет јавно ги осудувам грешките на сите коишто ги кршеа законите, вклучувајќи ги и оние кои ме поддржуваа, рече Пендаровски.

VMRO-DPMNE and its coalition held a rally Friday in Struga where presidential candidate Gordana Siljanovska-Davkova requested the support of the local population.

Изборниот караван на Гордана Силјановска - Давкова, претседателскиот кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружи синоќешната кампања со митинг во Ресен. 

-Едно од основните начела на Европската Унија е солидарност, соработка и нема да верувате како не му текна на претседателот, како неговите советници не му укажаа на основните документи на Европската Унија? Оти да, ние го почитуваме националното право, но треба да се повикуваме на меѓународното право, а особено на правото на ЕУ. Таму има еден фамозен член 8, во кој што, во договорот за ЕУ, во основниот акт за ЕУ, а јас, за жал или за среќа предавам и европско уставно право, во кој што пишува дека членките на ЕУ ќе бидат поттикнувани да склучуваат договори со соседите, со кандидатите за членство во Европската Унија, врз основа на начелото на реципроцитет, рече Силјановска – Давкова.

Таа при тоа упати прашање до актуелниот претседател и до министерот за надворешни работи, дали знаат дека постои договор за ЕУ и дали пред да одат да разговараат за нашите национални и државни интереси седнале и ги проучиле сите најважни документи на Европската Унија.

Таа најави и дека доколку дојде на позицијата претседател на државата ќе ги помилува осудените од 27 април.

- Потребно е во името на правдата, на етиката, на моралот претседателот понекогаш да се одважи и да посегне по една кочница во однос на судот. Тоа ќе го направам и честопати го спомнувам особено кога ги имам на ум обвинетите од 27 април. Страшно ме погоди судбината на Јане Ченто. Зар е можно судбината на неговиот дедо да се повторува во 21 век, во современа Македонија. Замислете да бидете обвинети за организирање на тетрористичка закан или за рушење на уставниот поредок на Македонија. Последиците ќе ги чувствувавме до ден денес ако имаше таква закана, рече Силјановска-Давкова.

Во просториите на Државната изборна комисија овластениот претставник и раководител на Претседателскиот изборен штаб на Левица, Реџеп Исмаил, денеска ја поднесе кандидатурата на претседателски

Сама против шестминa е адутот со кој како што рече вчера во Штип Билјана Ванковска, кандидатката на Левица, ќе настапува на Претседателските избори. На средбите со граѓани на неколку локации во градот таа порача дека првиот чекор кој ќе го направи е раскинување на Договорот за добрососедство со Република Бугарија, оти смета дека граѓаните не само сиромаштијата, ги боли и националното.

- Адутот на Билјана Ванковска е во тоа што ќе биде сама против шестмина. Она што се состои во мојата Програма нема да го најдете кај ниту еден друг кандидат, така што одиме не само да бидеме интересни или оргинални, туку затоа што сметаме дека одење по една патека која не води никаде освен во бездна бара конечно радикално решение, прекин на досегашните политики и практики. Може да звучи премногу за граѓаните, но моето мислење е сега или никогаш, рече Ванковска.

In this presidential campaign I offer a concise and concrete program with five principles that I will implement as a future president. One of the main commitments is a complete departization

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски вчера со неговиот караван „Максим за Македонија" беше меѓу граѓаните на Берово, Делчево и Македонска Каменица, а оствари средба и со претставници на неколку успешни компании од регионот. Упати порака до граѓаните, внимателно да ги анализираат понудите од сите кандидати и на крајот да донесат одлука. Околу разликата помеѓу него и останатите кандидати рече дека тој е кандидат кој што излегува од граѓаните.

-Сум работел, работам и ќе продолжам да работам за граѓаните и сметам дека може работите да ги вратиме во нормала  бидејќи во моментов живееме во едно зависно друштво кое што е зависно и заложник на политички субјекти, партии кои што се менуваат од година во година. Нема никакви разлики, се полошо за граѓаните. Ние од политички от субјект знам имаме концепт и визија како да ги исправиме нештата и државата да им ја вратиме назад на тие на кои што им припаѓа, а тоа е граѓанинот на прво место, рече Димитриевски.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски по изгласувањето на општинскиот буџет за годинава во изјава за медиумите истакна дека на денешната седница советниците на  ВМРО-ДМПНЕ се о

Претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски, одржа средба со граѓани во Гостивар и Кичево на кои ги презентираше програмските определби на коалицијата „Храбро за Македонија“, а зборуваше и за актуелните проблеми на граѓаните.

-Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет, ќе бидам претседател за сите граѓани на Република Македонија и Македонија секогаш ќе биде на прво место, порача Јакимовски.

Karvani i

Караванот на „Европскиот фронт“ предводен од кандидатот за претседател Бујар Османи вчера ги посети скопските села Батинце, Моране и Долно Количани во Општина Студеничани, каде на средби со граѓани ја презентирал својата програма, а било разговарано и за потребите и прашањата што нив ги засегаат.

-Верувајте дека нема друг начин за подобар стандард освен влез во ЕУ... Со најголема понизност, како ваш човек, како личност која ги помина овие патишта, ја барам вашата поддршка за да можам во улога на претседател да го продолжам она што го започнав како министер за надворешни работи, како вицепремиер, а тоа е, до 2030 година секој од вас да има европски пасош, да има европски живот и вашите деца да си ја планираат иднината овде, а не во странство, посочи Османи барајќи ја нивната поддршка за продолжување на мисијата за членство на државата во ЕУ. вг/са/

Фото: МИА

Остани поврзан