• среда, 19 февруари 2025

Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната

Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната

Манчестер, 16 декември 2025 (МИА) - Манчестер Јунајтед претрпе тежок удар врз своите амбиции да се искачи на табелата во Премиер лигата и да ја продолжи борбата во Лига Европа.

Еден од главните играчи на „црвените ѓаволи“ - Амад Диало, заработи тешка повреда, поради која најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Се уште не е јасно каква е повредата на Диало, која ја доби во пресрет на натпреварот со Тотенхем.

Крилниот напаѓач е најконстантниот играч во тимот на Рубен Аморим оваа сезона, постигнувајќи 9 голови и 7 асистенции.

-Исклучително сум разочаран што ја пишувам оваа порака во толку важен момент од сезоната. За жал, ќе отсуствувам одредено време поради повреда. Ќе се вратам посилен од било кога! Време е да ги поддржиме момчињата од надвор. Има уште многу да се игра, сподели Диало на социјалните мрежи. дс

Фото: Архива

Остани поврзан