Беретини го совлада Ѓоковиќ на стартот на турнирот во Доха
- Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше запрен на стартот од турнирот во Доха, откако вечерва во првото коло беше поразен од Италијанецот Матео Беретини со резултат 7:6 (7:4), 6:2.

Доха, 18 февруари 2025 (МИА) - Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше запрен на стартот од турнирот во Доха, откако вечерва во првото коло беше поразен од Италијанецот Матео Беретини со резултат 7:6 (7:4), 6:2.
Беретини одигра одличен натпревар и првпат во кариерата го совлада Ѓоковиќ, откако ги загуби претходните четири дуели.
Следен ривал ќе му биде Холанѓанецот Талон Грикспур, кој го совлада Германецот Јан-Ленард Штруф по два тајбрејка 7:6 (7:5), 7:6 (9:7). дс
Фото: Архива