• вторник, 18 февруари 2025

Преговорите меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија беа успешни, изјави советникот за надворешна политика на Путин, Ушаков

Преговорите меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија беа успешни, изјави советникот за надворешна политика на Путин, Ушаков

Ријад, 18 февруари 2025 (МИА) - Преговорите меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија завршија и беа успешни, изјави рускиот советник за надворешна политика Јуриј Ушаков, цитиран од светските агенции. Преговорите во саудиската престолнина Ријад траеја четири и пол часа.

„На средбата, на која присуствуваа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар на САД, Марко Рубио, се разговараше за условите за идната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин“, рече Ушаков, додавајќи дека е малку веројатно средбата да се одржи следната недела.

„Воден е сериозен разговор за сите прашања“, рече Ушаков.

Советникот прецизираше дека има договор преговорите за запирање на војната во Украина да се водат преку посредници, но додаде дека Путин ќе одлучи кога да започнат контактите со САД за прашањата за Украина. рп/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан