• четврток, 20 февруари 2025

Баерн Минхен со гол во последните секунди го елиминира Селтик, Бриж и Бенфика се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите

Баерн Минхен со гол во последните секунди го елиминира Селтик, Бриж и Бенфика се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите

Минхен, 18 февруари 2025 (МИА) - Баерн Минхен имаше среќа и стигна до реми 1-1 (0-1) со Селтик на „Алијанц Арената“ во реваншот од плејофот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, а овој натпревар ќе остане запаметен по голот на Канаѓанецот Алфонсо Дејвис во четвртата минута од судиското надополнување.

Домашниот тим можеше да ја заврши работата и да го потврди пласманот во осминафиналето уште во првиот дел, но Хари Кејн во 45. минута ја погоди гредата. Од друга страна, Селтик имаше неколку добри шанси преку Кун, но сепак се добро заврши за момците на Компани.

Со ставот да ја брани предноста од првиот меч, Баерн не можеше да смета дека противникот само ќе стои на теренот. Селтик ја искористи грешката на Баерн во 63. минута, а Кун подарокот го претвори во гол - 0:1.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, Алфонсо Дејвис ја „скрши“ одбраната на Селтик и израмни во четвртата минута од судиското надополнување.

Натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одиграат на 4/5. и 11/12. март, а четвртфиналето на 8/9 и 15/16. април. Полуфиналните натпревари се закажани за 29/30. април и 6/7. мај, а финалето на 31 мај во Минхен, на „Алијанц Арена“.

Резултати од реванш натпреварите во плејоф рундата од Лигата на шампионите:

Милан (Италија) - ФЕЕНОРД (Холандија) 1:1 (на првиот натпревар 0:1)
Аталанта (Италија) - ФК БРИЖ (Белгија) 1:3 (1:2)
БЕНФИКА (Португалија) - Монако 3:3 (1:0)
БАЕРН МИНХЕН (Германија) - Селтик (Шкотска) 1:1 (1:2)

Утре играат:

Пари Сен Жермен (Франција) - Брест (Франција) (3:0)
ПСВ Ајндховен (Холандија) - Јувентус (Италија) (1:2)
Реал Мадрид (Шпанија) - Манчестер Сити (Англија) (3:2)
Борусија Дортмунд (Германија) - Спортинг Лисабон (Португалија) (3:0)

Екипите кои се квалификуваа за осминафиналето ја чекаат ждрепката на 21 февруари. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан