• четврток, 20 февруари 2025

Ѓоковиќ разочаран по поразот од Беретини: Бев надигран од подобар играч

Ѓоковиќ разочаран по поразот од Беретини: Бев надигран од подобар играч

Доха, 18 февруари 2025 (МИА) - Новак Ѓоковиќ беше поразен на стартот на турнирот во Доха од Матео Беретини, но нема да го напушти Катар. Тој утре се враќа на теренот, но во двојки.

Српскиот ас ќе се обиде некако да го подобри впечатокот во двојки со Шпанецот Фернандо Вердаско. 

Ѓоковиќ не пропушти да го пофали Беретини, но ја објасни и причината за поразот во раната фаза на турнирот.

-Беретини одигра перфектен меч. Неговиот сервис беше исклучително силен и прецизен, со висок процент од прв удар. Немав многу шанси на негов сервис, особено во вториот сет. Во првиот сет имав две брејк топки, но тој секогаш го наоѓаше првиот сервис и беше многу агресивен, играше тактички паметно, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер потоа се осврна на својата игра.

-Тој само игра премногу пасивно. Ме шеташе низ теренот, диктирајќи го темпото. Мислам дека предолго чекав да погреши. Му честитам на одличната претстава. Очигледно, таа повреда и недостатокот на интензивни тренинзи значително придонесоа за моето лошо движење и поголем сомнеж во моите удари, вели тој.

Иако немал никакви болки во мускулите, се чини дека Ѓоковиќ се уште ги чувствува последиците од непријатната повреда.

-Не чувствував никаква болка или непријатност, па нема оправдување. Бев надигран од подобар играч. Сè уште не се движам како што сакам. Нема да играм сервис-волеј. Тоа го правам кога сакам да го променам мојот ритам во одреден момент. Ништо не е исто како што беше пред 15 или 10 години, се обидувам да се грижам за моето тело.Секој ден се трудам да се грижам за моето тело. Се обидувам да дадам се од себе, јасно изјави Новак Ѓоковиќ. дс

Фото: Архива

Остани поврзан