• петок, 07 февруари 2025

Јован Илиевски го извади светиот крст од водата во базенот во црквата „Свети Никола“ во Куманово

Јован Илиевски го извади светиот крст од водата во базенот во црквата „Свети Никола“ во Куманово

Куманово, 19 јануари 2025 (МИА) - Дваесет и деветгодишниот Јован Илиески од Куманово го извади светиот крст, положен во водата на базенот што се наоѓа во дворот на Соборниот храм „Свети Никола“. Педесетина кумановци се обидоа да го извадат светиот крст во старата градска црква. 

-Оваа година имав среќа, им посакувам на сите здравје, среќа и успех. Догодина да нè има повеќе на број, кажа Илиевски.

Илиевски доби подароци од црквата, бизнис заедницата, општината и граѓани.

На повеќе локации во кумановско продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води.

Претходно во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици. Верниците присуствуваа на литургија, дел од нив пресекоа славски колач, си зедоа осветена вода, се помолија за здравје, мир и благосостојба. Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. ам/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан