Стојанче Камчев го фати крстот во водите на Вардар во Неготино
- Стојанче Камчев го фати крстот во водите на реката Вардар во Неготино, во рамките на одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление Водици, при што беше реализиран и чинот на осветувањето на водите на реката и положен светиот крст од страна на свештено лице од црквата ,,Свети Атанасиј" од овој град.

Неготино, 19 јануари 2025 (МИА) - Стојанче Камчев го фати крстот во водите на реката Вардар во Неготино, во рамките на одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление Водици, при што беше реализиран и чинот на осветувањето на водите на реката и положен светиот крст од страна на свештено лице од црквата ,,Свети Атанасиј" од овој град.
Осумнаесетгодишниот Камчев од Неготино беше највешт и најсреќен меѓу 23 млади луѓе кои влегоа во студените води на Вардар.
Градоначалникот Горан Стојанов, од име на Општина Неготино, на Камчев му честита за фаќањето на крстот и му подари телевизор. Од Зегин му беше врачен вредносен ваучер од 15,000 денари, а подарок доби и од златара Инес.
- Од мое лично име и како градоначалник на општина Неготино, на сите православни верници им го честитам празникот Богојавление Водици со желби за се најдобро, рече градоначалникот. свд/дма/
Фото : МИА