• недела, 23 февруари 2025

Томче Голабоски го фати светиот крст во водите на Црн Дрим во Струга

Томче Голабоски го фати светиот крст во водите на Црн Дрим во Струга

Струга, 19 јануари 2025 (МИА) - Триесет и деветгодишниот Томче Голабоски од Струга беше најсреќен меѓу стотиците верници кои денеска скокаа по светиот крст во студените води на реката Црн Дрим.

Голабоски, кој по петти пат го вади чесниот крст во Струга посака секој стружанец, но и секој верник да го осети тоа свето чуство.

- Како и на секој стружанец, најголема желба ни е да го фатиме крстот. Чуството е преубаво и поскаувам секој да го осети, изјави Голабоски, нагласувајќи дека светиот крст носи среќа секоја година без разлика дали ќе го фатиш.

Упати апел за продолжување на традицијата со поддршка секој стружанец да скока по крстот.

На манфестацијата присуствуваше претседателката Гордана Силјаноска Давкова, министри, пратеници и градоначалникот на Струга Рамис Мерко, а чинот на осветување на водите во реката Црн Дрим, го изврши архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан. сс/дма/

Фото: МИА/принтскрин

Остани поврзан