• сабота, 22 февруари 2025

Кавадарчанецот Киров го фати светиот крст во Росоман

Кавадарчанецот Киров го фати светиот крст во Росоман

Росоман, 19 јануари 2025 (МИА) - Триесетгодишниот Никола Киров од Кавадарци беше најсреќен и најбрз и го фати светиот крст положен во водите на Црна Река, во склоп на одбележувањето на денешниот верски празник Богојавление Водици во Росоман. Тој рече дека за прв пат се обидел и успеал. 

- На сите им посакувам се најдобро во животот и секогаш да имаат верба во Бога, порача тој. 

Градоначалникот Стојан Николов, посака здравје, среќа, бериќет, сплотеност и солидарност. свд/дма/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан