• недела, 23 јуни 2024

Јапонија разгледува зголемување на старосната граница за пензионирање

Јапонија разгледува зголемување на старосната граница за пензионирање
Токио, 5 април 2021 (МИА) – Јапонската Влада планира да му предложи на Парламентот закони за зголемување на возраста за пензионирање на државните службеници, соопшти денеска јапонскиот премиер Јошихиде Суга. - Треба да се зголеми возраста за пензионирање за да се исполнат сè посложените административни задачи, рече тој за време на дебатата на една од парламентарните комисии во долниот дом на парламентот. - Се подготвуваме за брзо воведување на релевантни закони, додаде тој. Општо земено, пензиите во Јапонија се исплаќаат по 65-та година од животот, но граѓаните имаат право да работат подолго, а право на пензија имаат во секое време на возраст од 60 до 70 години. Пензиите на оние што го прават тоа пред 65-тата година се нешто пониски, а оние кои продолжуваат да работат по 65-та година имаат право на бонус. Сега се разгледува зголемување на официјалната возраст за пензија за пет години, со зголемување на соодветните надоместоци. јт/

Остани поврзан