• среда, 15 мај 2024

Јавна дебата „Како започна приказната со дигитализацијата на УГД“

Јавна дебата „Како започна приказната со дигитализацијата на УГД“

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) - Во тренинг центарот на УГД (поранешен универзитетски ресторан) денеска ќе се одржи јавна дебата „Како започна приказната со дигитализацијата на УГД“.

Воведни обраќања ќе имаат ректорот на УГД проф. д-р Дејан Мираковски и директорот на Форумот за образовни промени Бленди Ходаи.

На јавната дебата ќе се обратат и Станела Гацова, претставник од Универзитетското Студентско Собрание при УГД, доц. д-р. Александер Велинов, раководител за е-учење на УГД Штип, доц. д-р. Ристе Тимовски, раководител за е-индекс на УГД Штип и Александар Каратошо, претставник на инициjативата #DigiU. фф/мд/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан