• сабота, 15 јуни 2024

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Атина, 15 мај 2024 (МИА) – Целосно е јасно дека верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од страна Северна Македонија претставува предуслов за која било разврска на нејзиниот европски пат и ние ќе бидеме строги во однос на ова почитување, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчката телевизија Мега, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија, неколку пати повтори дека почитувањето и усогласувањето со Договорот од Преспа е нивното главно барање и коментираше дека се „исклучително незадоволни“ од она што се случи на инаугурацијата на претседателката.

-Постои многу структуриран план кој поаѓа од фактот дека грчката Влада ја поддржува европската перспектива на сите држави од Западен Балкан. Грција беше земјата која ги започна процедурите за интеграција во европското семејство. Врз основа на ова, денес сме исклучително незадоволни од разврската, рече Герапетритис.

Повтори дека од Атина имало брзи рефлекси, но и организирана реакција, како од Европа и САД така и од другите земји.

Посочи дека во овој момент и меѓународното право и Уставот налагаат „Северна Македонија целосно да го почитува Договорот од Преспа“.

Во однос на ратификацијата на меморандумите во Парламентот, посочи дека тоа ќе се случи „кога Грција ќе оцени дека има целосно почитување на Договорот од Преспа“.

-За мене неразбирлив е ставот на опозицијата, несфатлив бидејќи во овој конкретен момент ќе достават предлог закон за ратификација на меморандумите, кога е очигледно дека од другата страна нема расположение за усогласување, рече Герапетритис.

Опозициската СИРИЗА денеска во форма на предлог закони во парламентот ги достави меморандумите за соработка. ср/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан