• среда, 01 мај 2024

Ѓоковиќ: Не сум најдобриот играч на светот во моментов

Ѓоковиќ: Не сум најдобриот играч на светот во моментов

Белград, 6 април 2024 (МИА) - Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ призна дека не е најдобриот играч на светот во моментов. Со големи успеси на турнирите од почетокот на годината, младиот Италијанец Јаник Синер стигна до второто место на АТП листата, а Ѓоковиќ го избра за најдобар играч во светот во моментов.

Според српскиот ас, Јаник Синер го стекнал потребното искуство, научил од грешките и научил да победува на големи натпревари, кои му донесоа многу бодови оваа година. Синер го игра најдобриот тенис во кариерата, по Австралија опен ги освои Ротердам и Мајами, па заслужено доби големо признание од Новак.

-Јаник е најдобриот играч во светот оваа сезона досега. Имаше неверојатен успех. Многу се подобри. Целата негова игра, сервис, движење, психички е секогаш присутен. Разликата во важните натпревари што ги игра Јаник во последните шест месеци, и во периодот пред тоа, е што сега победува на големи натпревари. Научи од своето искуство претходно, што го направи потежок противник. Сега е играч за големи натпревари, заклучи Новак Ѓоковиќ. дс

Фото: Архива

Остани поврзан