• петок, 17 мај 2024

Филаделфија и Милвоки избегнаа елиминација, Кливленд на чекор до второто коло во НБА плејофот

Филаделфија и Милвоки избегнаа елиминација, Кливленд на чекор до второто коло во НБА плејофот

Милвоки, 1 мај 2024 (МИА) – Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА во тек е првото коло од разигрувањето за титулата. На трите натпревари одиграни ноќеска победи за останување во серијата извојуваа Филаделфија и Милвоки, додека Кливленд по трет пат се радуваше против Орландо и е на чекор до пласман во четвртфиналето.

Резултати:
Њујорк – Филаделфија 106:112 (по продолжение) (3:2 во серијата прв до четири победи)
Кливленд – Орландо 104:103 (3:2 во победи)
Милвоки – Индијана 115:92 (2:3 во победи).

Пласман во 2.коло од НБА плејофот досега обезбедија Оклахома, Денвер и Минесота. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан