ЛШ: Баерн и Реал Мадрид одиграа нерешено, победникот ќе се решава на „Бернабеу“
- Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2:2 во првата полуфинална пресметка во Лигата на шампионите. Двата тима одиграа многу интензивен и интересен натпревар, но тренерите Томас Тухел и Карло Анчелоти не успеаја да се надмудрат.

Минхен, 30 април 2024 (МИА) - Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2:2 во првата полуфинална пресметка во Лигата на шампионите. Двата тима одиграа многу интензивен и интересен натпревар, но тренерите Томас Тухел и Карло Анчелоти не успеаја да се надмудрат.
Баварците тргнаа силно, но магичното додавање на Тони Крос во 24. минута ја пресече одбраната и Винисиус Јуниор го отвори резултатот.
По паузата, Лерој Сане израмни во 53. минута, а Хари Кејн четири минути подоцна реализираше пенал за пресврт.
Сепак, „лос бланкос“ покажа бескомпромисен дух и во 83. минута Родриго доби удар од белата точка. Винисиус ја задржа ладнокрвноста и го постигна својот втор гол на натпреварот со кој ги постави конечните 2:2.
Така победникот ќе биде решен во реваншот кој за една недела е на „Сатнијаго Бернабеу“. дс
Фото: УЕФА