• сабота, 18 мај 2024

Шестмина загинати во престрелка во Луисвил

Шестмина загинати во престрелка во Луисвил

Вашингтон, 10 април 2023 (МИА) – Шест лица загинаа денеска меѓу кои и еден полицаец, во оружен инцидент во центарот на американскиот град Луисвил, во сојузната држава Кентаки, јави Си-ен-ен.

Во престрелката помеѓу напаѓачот и полицијата повредени се шест луѓе.

Според Си-ен-ен, напаѓачот е убиен. Полицијата упати предупредување до жителите да не се приближуваат до тој дел од градот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан