• недела, 19 мај 2024

Четворица вработени во обезбедување на зградата на Општина Штип остануваат без работа

Четворица вработени во обезбедување на зградата на Општина Штип остануваат без работа

Штип, 10 април 2023 (МИА) - По 16 часот Општина Штип останува без чуварска служба, односно обезбедување. Ова следува откако вработени во приватна фирма добија барања сами да го откажат договорот за вработување. На денешната прес-конференција вработените во обезбедувањето и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов остро реагираа и посочуваат дека  во договорот е наведено  вработените треба да бидат одјавени од работа во најкус можен рок.

Со ваквата одлука под знак прашалник се ставата егзистенцијата на самите вработени, но и безбедноста на општинската зграда во Штип. Четворица вработени во обзебедувањето на општинската зграда велат дека нема да потпишат, додавајќи дека последната земена плата им е за јануари.

- Плата сега немаме земено за февруари, ноќна смена одиме на работа – не ни е платено, к-15 не ни е платено, на 15 во месецот добиваме на сметка по 100 денари. И сега добиваме решение да го потпишаме и да си одиме. Не потпишуваме, ќе тужеме за овавели Васко Павлов, вработен во приватната фирма за обезбедување на зградата на Општина Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека целта на Владата да се направат неуспешни градоначалниците нема да успее, и обезбедувањето ќе биде вработено и ќе зема плата од страна на општината. Посочува дека не е дозволиво зградата на Општина Штип да остане без чуварска служба, а во која се сместени и сите одрачни единици на министерства, инспекторати, Катастар, Централен регистер.

-Оставајќи ги овие луѓе без работа се зголемуваат трошоците кои општината ќе ги преземе. Ако им е тоа целта нема да ја постигнат затоа што Општина Штип дефинитивно по завршување на договорот кој овие луѓе го имаат со СЗР ќе ги вработи, додава Јорданов.

Четири лица во Општина Штип ќе останат без работа, или на ниво на државата какошто вели над 300 лица кои се вработени во оваа приватна фирма. Без обезбедување остануваат и општинските згради во неколку останати градови во Истокот. Веќе е разговарано со ЗЕЛС истакна Јорданов со цел пред празниците да не се дозволи голем број семејства да останат без егзистенција. вдј/ цр 

Фото: МИА 

Остани поврзан