• петок, 26 јули 2024

Велешанец собирал печурки,  во коленото му влегол проектил од огнено оружје

Велешанец собирал печурки,  во коленото му влегол проектил од огнено оружје

Велес,19 мај 2024 (МИА) - Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед,  од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

- Во СВР Велес вчера во 11 часот,  63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека  за настанот бил  известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека  се преземаат мерки за негово расчистување. ад/мд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан