• вторник, 14 мај 2024

Харис во посета на Јужна Кореја

Харис во посета на Јужна Кореја
Сеул, 29 септември 2022 (МИА) – Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска пристигна во посета на Јужна Кореја, еден ден откако Северна Кореја тестираше балистичка ракета. На средбата помеѓу Харис и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол се разговараше за долгогодишниот безбедносен сојуз на двете земји, зајакнувањето на економската и технолошката соработка и голем број други регионални и глобални прашања. Предвидено е Харис да ја посети демилитаризираната зона, што го дели Корејскиот Полуостров. ми/

Остани поврзан