• вторник, 14 мај 2024

Хамас: Повикот на Израел за евакуација на Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје и ослободување на заложниците

Хамас: Повикот на Израел за евакуација на Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје и ослободување на заложниците

Газа, 6 мај 2024 (МИА) – Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

- Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

- Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан