• вторник, 30 април 2024

Хамас: Нападот на Иран врз Израел е негово „природно право и заслужен одговор“

Хамас: Нападот на Иран врз Израел е негово „природно право и заслужен одговор“

Газа, 14 април 2024 (МИА) - Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека иранскиот напад врз Израел бил „природен и заслужен одговор“ на бомбардирањето на конзулатот во Дамаск.

„Ние во Хамас ја гледаме операцијата спроведена од Исламската Република Иран како природен и заслужен одговор на злосторството со гаѓањето на иранскиот конзулат во Дамаск и убиството на неколку водачи на Револуционерната гарда“, се наведува во соопштението на Хамас, прене3сено од британските медиуми.

Иран во текот на ноќта изврши напад врз Израел поради, како што тврдат, израелскиот напад на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, што Израел го негира.сд/

 

фото:МИА архива

Остани поврзан