• петок, 17 мај 2024

ФФМ се вклучи во крводарителската акција „Највредниот подарок. Капка полна живот“

ФФМ се вклучи во крводарителската акција „Највредниот подарок. Капка полна живот“

Скопје, 19 декември 2023 (МИА) – Повеќе од 40 вработени во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и надворешни соработници, вклучувајќи го и селекторот на сениорската репрезентација Благоја Милевски даруваа денеска крв во рамки на акцијата „Највредниот подарок. Капка полна живот“.

Како што е соопштено, во рамки на акцијата која во соработка ја организираа ФФМ, Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина собрани се вкупно 32 крвни единици.

ФФМ посочи дека учеството во крводарителската акција е дел од заложбата за хуманост која е цел и ориентација на сите вработени во Федерацијата.

-Доброволното крводарителство станува дел од традицијата на ФФМ како доказ за социјално – етичкиот концепт и одговорност, порачува македонската Куќа на фудбалот. ег/аа/

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан