• петок, 17 мај 2024

Фон дер Лајен: Главна тема на Самитот на Берлинскиот процес ќе биде економијата на Западен Балкан (ДПЛ)

Фон дер Лајен: Главна тема на Самитот на Берлинскиот процес ќе биде економијата на Западен Балкан (ДПЛ)

Тирана, 16 октомври 2023 (МИА - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека една од темите на разговор на самитот на Берлинскиот процес во Тирана ќе биде економијата на Западен Балкан, кој треба да спроведе реформи за поблиска соработка со Европската Унија.

„За оние кои сакаат да одат напред и да ја подобрат економијата, нашите врати се отворени“, изјави Фон дер Лајен  пред почетокот на самитот.

Таа посочи дека главна тема на самитот ќе биде економијата, „која може да биде подобра на Западен Балкан“.

Фон дер Лајен во кусата изјава оцени дека „ова е многу посебен Самит што го имаме денеска. Тоа е десетти Самит на Процесот, но по првпат се одржува во Западен Балкан“ и  воедно посочи дека Унијата има намера да му овозможи на Западен Балкан пристап до европскиот заеднички пазар.

-Верувам дека пренесува моќна порака за тоа колку сме посветени на проширувањето. Една од главните теми ќе биде економијата на Западен Балкан. Затоа го воведов планот за раст. Сакаме да им овозможиме пристап до заедничкиот европски пазар. За ова ни требаат реформи во Западен Балкан и оние кои имаат волја за реформи ќе добијат средства од Европската Унија. Тоа е стимул за оние кои навистина сакаат да одат напред. Нашите врати се отворени, па ајде да работиме на ова напредување со овој план за развој, рече таа. вт/ссм/

 

Остани поврзан