• сабота, 18 мај 2024

Уште една средба за зголемување на лимитот на американскиот долг

Уште една средба за зголемување на лимитот на американскиот долг

Вашингтон, 25 мај 2023 (МИА) – Преговарачите на претседателот Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, по четиричасовната средба во Белата куќа, истакнаа дека биле „продуктивни“ во обидот да постигнат договор за зголемување на горната граница американскиот долг и избегнување на катастрофално сценарио САД да не може да ги плати своите долгови.

Според Мекарти постигнат е напредок во преговорите и истите ќе продолжат. Тој е оптимист и покрај уште неколкуте нерешени прашања дека ќе се постигне договор.

- Постигнавме напредок во разговорите, што тоа е многу позитивно. Сакам да бидам уверен дека го постигнавме вистинскиот договор и можам да видам како се движиме во таа насока, посочи Мекарти.

И портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер наведе дека разговорите даваат резултати.

- Доколку тие продолжат да се одржуваат во дух на добра волја, можеме да постигнеме договор, наведе Жан-Пјер.

Републиканците на чело со Мекарти се обидуваат да ги намалат трошоците на федералната Влада, додека Бајден и демократите се противат на тоа. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан