• сабота, 18 мај 2024

УХМР домаќин на работилница на Глобалниот проект „Систем за најава на поплави со глобална покриеност“

УХМР домаќин на работилница на Глобалниот проект „Систем за најава на поплави со глобална покриеност“

Скопје, 19 јуни 2023 (МИА) - Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)  е домаќин на Втората работилница на Глобалниот проект - Систем за најава на поплави со глобална покриеност  (Flash Flood Guidance System with Global Coverage (FFGS), која од денеска до 23 јуни ќе се одржи во Скопје.

Теми на работилницата се управувањето со поплавите и развојот на системите за нивна рана најава. На работилницата се очекува да има околу 200 учесници од над 70 држави од целиот свет, а целокупната поддршка е обезбедена од Светската метеоролошка организација, која е специјализирана агенција на Организацијата на Обединетите Нации.

Земјава и Управата за хидрометеоролошки работи е рамноправен партнер во борбата со справување на глобалните климатски промени и опасните временски појави. вј/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан