• среда, 01 мај 2024

Украинскиот министер за земјоделство, Солски осомничен во антикорупциска истрага

Украинскиот министер за земјоделство, Солски осомничен во антикорупциска истрага

Киев, 23 април 2024 (МИА) – Украинската антикорупциска полиција соопшти дека министерот за земјоделство Микола Солски е осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување државно земјиште во вредност од седум милиони долари.

Солски, кој го надгледуваше производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, истакна не разбира зошто сега се појавиле наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.

- Не се согласувам со обвинувањата, посочи Солски.

Украинската национална канцеларија за борба против корупцијата соопшти дека Солски го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од 291 милион гривни (околу 6,9 милиони евра).

Солски е првиот министер во Владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.

Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а лани го разреши својот министер за одбрана поради обвинувањата за примање мито поврзано со одбранбената индустрија. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан