• недела, 22 декември 2024

Украинската делегација имала разговор со советникот на Трамп

Украинската делегација имала разговор со советникот на Трамп

Киев, 5 декември 2024 (МИА) - Украинска делегација синоќа се сретна со високи претставници на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави за американски медиуми извор запознаен со состанокот.

Делегацијата ја предводеше Андриј Јермак, близок соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.  

-Состанокот се одржал во Вашингтон со советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц и неговиот пратеник во Украина Кит Келог, изјави изворот. Транзицискиот тим на Трамп не одговори на барањето за коментар на состанокот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан