• понеделник, 01 јули 2024

Украина ги отфрли тврдењата на Белорусија дека го зголемила бројот на војници на границата

Украина ги отфрли тврдењата на Белорусија дека го зголемила бројот на војници на границата

Киев, 1 јули 2024 (МИА) - Украина ги отфрли тврдењата дека го зголемува присуството на своите војници долж границата со Белорусија, наведувајќи дека овие извештаи се „информативна операција“ на Минск со поддршка на Москва, пренесуваат британските медиуми.

Белорусија, близок руски сојузник што ја поддржува воената кампања на Москва во Украина, минатата недела соопшти дека Киев ги зајакнува своите сили долж заедничката граница меѓу двете земји.

Кремљ денеска соопшти дека информацијата е причина за загриженост.

-Ова не е првпат Белорусија да пушта информации дека Украина е закана и дека се зајакнува... Ова е уште еден дел од информативната операција што ја спроведува Белорусија со поддршка на Русија, изјави портпаролот на украинската гранична служба, Андриј Демченко, за украинската национална телевизија.

Пограничната област со Белорусија останува „актуелна закана“ и Украина во неа го задржува потребниот број сили за да спречи какви било провокации, додаде тој.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан