• вторник, 02 јули 2024

Меѓународниот аеродром во Тирана урива рекорди, само во јуни милион патници

Меѓународниот аеродром во Тирана урива рекорди, само во јуни милион патници

Тирана, 1 јули 2024 (МИА) - Меѓународниот аеродром „Ринаси" во Тирана веќе е аеродром со најголем проток на патници во регионот.

Во месец јуни забележан е рекорден број летови со милион  патници. Според денеска објавените бројки во однос на јуни минатата година, овој аеродром бележи пораст на летовите за 61,6 отсто.

Во периодот јануари-јуни регистрирани се околу 4,8 милиони патници, со зголемување за 65,8 отсто во однос на истиот период минатата година.

Овој аеродром минатата година  пречека 40 отсто повеќе патници, достигнувајќи бројка од 7.257.574 патници, додека годинава се очекува бројот на патници да достигне 8,4 милиони, што се должи на зголемениот број дестинации.

Во јануари годинава почна да се работи на проширување на пистата на аеродромот, за да се овозможат прекуокеански летови. Се предвидува во првите 3 месеци од 2025 година да започнат летовите на релација Тирана - Њујорк. вт/ссм/


Фото: МИА

Остани поврзан