• вторник, 30 април 2024

Турција апелира Иран да избегне нова ескалација на конфликтот со Израел

Турција апелира Иран да избегне нова ескалација на конфликтот со Израел

Анкара, 14 април 2024 (МИА) – Турција денеска го повика Иран да избегне „нова ескалација“ по синоќешните ирански напади врз Израел, изјави турски неименуван дипломатски извор.

Тој наведе дека турскиот министер Хакан Фидан во денешниот телефонски разговор со иранскиот колега Хосеин Амирабдолахиан истакнал дека Турција не сака нова ескалација на насилството во регионот.

Шефот на иранската дипломатија изјавил дека „е завршена одмаздничката операција против Израел“, но оти Иран го задржува правото да дејствува „со најголема цврстина“ во случај на „нов израелски напад“.

Иран синоќа лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили врз Израел, како одговор на нападот врз Иранскиот конзулат во Дамаск на почетокот на месецот. Израелската армија соопшти дека го спречила нападот и дека со помош на своите сојузници пресретнала и соборила 99 отсто од проектилите насочени кон Израел. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан